Демократскиот сојуз: Политичка и кривична одговорност за монструозното злосторство на Онкологија

Од:

Демократскиот сојуз бара политичка и кривична одговорност од „мултиетничката“ Влада поради загрозување на животот на голем број пациенти во Клиниката за онкологија, со кражбата на терапијата и нејзиното продавање на црниот пазар. Оваа состојба е резултат на неодговорното владеење на ДУИ и СДСМ, јавашлукот и партиските кадри кои се заштитени од водствата на двете владејачки партии, се вели во денешната реакција на Демократскиот сојуз.

„Кривична одговорност мора да сносат сите што биле вклучени во овие грозоморни „убиства“ на пациентите, но без политичка одговорност на премиерот и министрите, ваков вид злосторства и натаму ќе се повторуваат. Демократскиот сојуз јавно ги прашува МВР, АНБ, Финансиската полиција и другите надлежни институции – до кога ќе чекате медиумите да го откриваат криминалот од функционери на партиите од власта?! Треба да се охрабрите и криминалот да го сосечете во корен, во спротивно ќе останеме без држава. Демократскиот сојуз ги поддржува граѓанските протести и бара одговорност од сите вклучени во овој криминал без преседан“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Судење за „Онкологија 2“: Сведочеше Клисаровска која тврди дека конзилиуми и колективни одлуки го отежнуваа работењето

Судење „Онкологија 2“ – Туфегчиќ: Доктор Црвенкова правилно постапувала и го продолжила периодот на преживување повеќе од вообичаено

Горан Наумовски

Судење за аферата „Онкологија 2“: Одбраната на Васев со забелешки за вештачењето и лиценцата на експертот

Горан Наумовски