Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Од:

Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители во вооружениот конфликт во 2001 година. Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии. Неприфатливо е истиот да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ, велат од Демократски сојуз.

– Македонија за водството и припадниците на паравоената формација ОНА (УЧК),направи голем број на отстапки, меѓу кои нивна амнестија преку донесување на закон и вработување на голем дел од припадниците на ОНА, амнестија за водството на ОНА преку автентично толкување на Законот за амнестија од страна на Собранието на Македонија, трансформација на ОНА во политичка партија, а водачите на ОНА станаа лидери на новата партија ДУИ која 20 години беше на власт итн. Затоа, најостро ги осудуваме најавите на ДУИ, дека ако се усвои законот за обесштетување на тие што го бранеле суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, ќе се дестабилизира Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Законот за бранителите повторно ја блокираше Комисијата за социјална политика

Демократски Сојуз: Ветингот на Али Ахмети го спроведуваат САД

Демократски сојуз: Етно-нацинализмот е поттикнат од опозициските партии

Илире Даути повторно не дозволи законот за бранители да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика

Катерина Ѓуровски

Законот за бранители повторно ја блокираше собраниската Комисија за Социјална политика

Катерина Ѓуровски

Раскол во собраниската Комисија за социјална политика поради Законот за бранители, седница не се одржа

Катерина Ѓуровски