Демократски сојуз: Техничка влада на непринципиелна коалиција

Од:

Демократскиот сојуз предупредува на кршење на Охридскиот рамковен договор и на Амандман 6 од Уставот на Македонија, со тоа што ќе се формира техничка влада која дополнително ги суспендира и крши одредбите и начелата на соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници.

– Со доминацијата на ДУИ, која има само 13 пратеници од вкупно 120 пратеници, се покажува и потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт, не водејќи сметка за националните и државни интереси, како и за интересите на мнозинскиот македонски народ. Сакаме да предупредиме дека ваквата политика нема поддршка од мнозинството граѓани и не поминуваат манипулациите дека тоа е Европски фронт, итн. Овој преседан кој го наметна Ковачевски има силни рефлексии на меѓуетничките односи, како и на натамошна дуизација и криминализација на државата, неодговорноста и неказнивоста на политичката мафија која владее со Македонија. Инаку, Демократскиот сојуз е за граѓански концепт и функции да добиваат најспособните, без разлика на етничка, верска или партиска припадност. Тоа треба да важи за сите етнички заедници, без Бадентер и Балансер. Не може овие правила да се злоупотребуваат само во интерес на ДУИ. Демократскиот сојуз не поддржува формирање на Техничка Влада,а уште помалку со премиер од редовите на ДУИ, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх