Демократски сојуз: Реформите ќе ги отворат вратите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Од:

„Демократскиот сојуз оценува дека, силната и недвосмислена поддршка од највисоките претставници на ЕУ и НАТО, за реформите и промените кои се одвиваат во Република Македонија, мора да биде мотивирачки фактор на внатрешна кохезија и преземање на одговорност од сите граѓани за иднината и просперитетот на државата.

Посветеноста, работата и сериозниот пристап кон имплементација на реформите во правосудниот систем, тајните служби, администрацијата и медиумите, како и внатрешната стабилност, ќе ги отворат вратите на Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Политиката на градење добри односи со соседите, соочување и решавање на тешки прашања кои ги оптоваруваа односите со децении наназад, несомнено се карактеристика на новото време и новата филозофија на владеење.

Македонија има историската шанса да фати чекор со демократски развиените и економски силни држави и оттука потребата во наредните три месеци, сите партии, приоритет да дадат на реформите во клучните области, да покажат на дело и со заедничка работа, дека се за создавање услови за подобар живот за сите граѓани.

Треба да се престане со меѓусебни дисквалификации, поделба на патриоти и предавници, негирање на се што досега е направено или се прави.

Наместо тоа, ДС повикува, да ги засукаме ракавите и да работиме,тоа е најсилната гаранција за успех, мир, стабилност и европски перспективи“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија