Демократски сојуз: Преспанскиот договор е завршена работа, сега треба да ги засукаме ракавите и да работиме

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека со имплементација на Преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на меѓусебни обвинувања и поделби и сите заедно, сполотени и со верба во иднината да тргнеме напред.

Вистина е дека нема Македонец кој се радува што се менува името на државата, но непобитен факт е дека овие болни процеси ги отвораат вратите на Македонија кон европските стандарди и вредности.

Евроатланските процеси се моторна сила и само од нас зависи членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во Европската Унија.

Преспанскиот договор е завршена работа, сега треба да ги засукаме ракавите и да работиме, да ги забрзаме реформите, да обезбедиме законите да важат подеднакво за сите, да се спротивставиме на криманалот и корупцијата, да создадеме услови за бизнис и нови работни места, за развој на спортот и за враќање насмевката кај сите граѓани.

Сме за создавање амбиент и услови за одржување на демократски и фер претседателски избори, како и за парламентарни избори, но во редовниот законски рок (2020 година).

Во овие историски моменти потребно е разумно и одговорно однесување, како битни предуслови за стабилност и јакнење на внатрешната кохезија и единство“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија