Демократскиот сојуз предлага на утрешната седница пратениците да донесат одлука за распуштање на Собранието со што ќе се создадат уставни можности во рок од 60 дена да се одржат вонредни парламентарни избори.
– Сосема е извесно дека нема граѓански и политички консензус за промена на Уставот со која Бугарите ќе станат конститутивен народ во Македонија. Без реципроцитет за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како и без поддршка на Преговарачката рамка од која ќе бидат отстранети билатералните прашања (историски, образовни, јазични итн.) наметнати oд Бугарија и надвор од Копенхашките критериуми, нема и нема да има промена на Уставот. Доколку пратениците водат сметка за автентичните национални и државни интереси, како и за евроинтеграциите, тогаш ќе ја донесат најиздржаната одлука, ќе го распуштат Парламентот Инаку, без коренити реформи на судскиот систем, владеење на правото и изградба на независен и ефикасен систем за борба против криминалот и високата корупција, како и измена на изборните правила, Македонија нема да може да се интегрира во ЕУ. Треба да обезбедиме сплотеност, единство и државничко однесување. Мораме да го послушаме народот и цврсто да застанеме зад неговите и државните интереси, се вели во соопштението од Демократски сојуза.