Демократски сојуз: Партиите да не вршат притисок врз медиумите и да не шират лажни вести

Од:

Демократскиот сојуз го поздравува донесувањето на Регистерот на професионални онлајн медиуми што го промовираа Здружението на новинарите на Македонија и Советот на етика во медиумите во Македонија со поддршка на Стопанската комора, кој ќе биде достапен за јавноста од 1 јануари 2020.

„Уверени сме дека оваа алатка за саморегулација на медиумите ќе помогне за зајакнување на професионалното новинарство во онлајн сферата и во борбата против лажните вести од кои е загрозена нашата демократија. Ги повикуваме онлајн медиумите-порталите за вести, кои се уште не се дел од регистерот да ги почитуваат професионалните стандарди и новинарската етика и што поскоро да станат дел од овој регистер. Ги повикуваме и новинарите од другите традиционални печатени и електронски медиуми да известуваат професионално, одговорно и отчетно и да се приклучат во саморегулацискиот механизам на Советот на етика во медиумите.

Истовремено, ги повикуваме и надлежните органи да не го злоупотребуваат Регистерот на професионални онлајн медиуми со ускратување на правата на информирање и акредитација на новинарите чии медиуми се уште не се дел од регистерот и да се воздржат од поднесување тужби за навреда и клевета.

Демократскиот сојуз е уверен дека слободното и професионално новинарство е најважната алка на демократијата. Во предизборниот период што следува, улогата на медиумите е од исклучителна важност за еднаков пристап до јавноста на сите политички понуди. Поради тоа, ги повикуваме партиите од власта и опозицијата да ја почитуваат слободата на печатот, да не вршат притисок врз новинарите при нивното известување и да се воздржат од негативна кампања со пласирање лажни вести и измислени информации за своите политички противници, користејќи го своето влијание во медиумите.

Демократскиот сојуз ги повикува партиите од власта и опозицијата во овој кус временски период што преостанува до распуштање на Собранието предвидено за 12 февруари, да демонстрираат политичка волја и да ги изгласаат составот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија кои се заглавени во собраниската комисија.

Кредибилен, професионален и независен кадровски состав на овие две тела е од исклучителна важност за професионалното известување на јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните радио и ТВ медиуми во периодот на изборите“ соопшти Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори