Демократски сојуз: Не смее да се релативизира одговорноста

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека во рамките на реформите на судскиот систем мора да се предвиде одговорност за сите кои на било каков начин ја попречуваат правдата, при што посебно треба да се нагласи одговорноста на носителите на високи политички и државни функции.

Во оваа насока предлагаме да се предвиде кривично дело “попречување на правда” за сите кои користејќи ја политичката моќ, спречуваат или опструираат да се води ефикасна борба против тешките облици на организиран криминал.

Извештајот за работата на Специјалното обвинителство само ги потврдува оценките дека во Македонија и покрај промената на Власта и натаму постојат системски слабости и влијание на политичко -финансиски центри кои спречуваат да се утврди одговорност за грабежот кој се случуваше во изминатиот десетгодишен период.

Доколку и натаму се развлекуваат постапките и релативизира одговорноста, тогаш криминалот наместо зло со кое треба да се справиме, ќе стане “вредносна категорија”.

Со системските промени треба да се продолжи и мандатот на СЈО, без било какви временски ограничувања“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх