Демократски сојуз: Нарушување на екосистемот е злосторство против природата и човештвото

Од:

Демократскиот сојуз ги поддржува граѓаните од Гевгелија кои протестираат против изградбата на мали хидроцентрали на една од најубавите и најчисти реки во Македонија, реката Дошница на Кожуф. Со изградбата на хидроцентралите сериозно ќе се загрози биодиверзитетот, велат од Демократски сојуз.

„Сите експерти се изјаснија дека со малите хидроцентрали целосно се уништува растителниот и животинскиот свет, се загрозува природниот тек на реката, крајречната вегетација, се прави ерозија на екосистемот. Тоа е злосторство против природата и човештвото. Владата треба да ги послуша граѓаните и да ја запре постапката за изградба на ваков вид хидроцентрали насекаде во Македонија“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх

Трајанов го поднесе законот за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но со гласање на дијаспората