Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Од:

Демократскиот сојуз е автентична политичка партија, препознатлива по своите принципиелни политички ставови. Демократскиот сојуз е партија која повеќе од 20 години ги брани и афирмира националните и државните интереси на Македонија, како и интересите на граѓаните. Ние сме иницијатори и носители на проекти и закони за борба против криминалот. Паушалните напади и плукањето по ДС станаа лоша практика на партијата Левица, велат од Демократскиот сојуз

„Ви порачуваме дека со плуканиците ќе направите кал и самите во неа ќе заглавите, слично или исто како што заврши Златна Зора (Хриси Авги) од Грција. Македонија ќе цвета, да сте и вие чесни како што се чесни кадрите на ДС! Нo, треба да се провери работата на 4-те директори на Левица во претпријатијата и установите на Градот Скопје, како и тоа – од каде се финансира антимакедонската кaмпања што ја спрoведува Левица, обидувајќи се да ја насочи Македонија кон авторитарните режими. Само принципиелна политика е гаранција за опстојување вo политиката, екстремизмот и негацијата на сѐ и против сите, се сигурен пат кон буништето на историјата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија