Демократски сојуз: Илинден како поука

Од:

Обидите за редефинирање на Македонската историја од страна на државно – политичкиот врв, им се врати преку граѓански отпор и бојкот.

Десетгодишната кампања на негирање на реалните случувања на овие простори, обиди некои значајни великани за македонската кауза да бидат маргинализирани, како и неколку годишната пракса на Илинден да се носат партиски активисти за аплаудирање, оваа година доживеа фијаско. Се покажа мудроста на македонскиот народ кој не сака да биде манипулиран на овој светол ден за Македонија.

На овој ден да се негираат вистинските херои и да се користи за партиска промоција или дискредитација на сите што поинаку размислуваат од власта, се покажа како контрапродуктивно и погубно за говорниците пред спомен обележјата на творците на самостојна и независна Македонија.

Демократскиот сојуз се согласува со сите оние кои јавно говорат дека “историјата е најавтентичен судија”, но потсетуваме на народната поговорка “кој нема историја нема ни иднина”. Затоа сметаме дека тие кои од лични и партиски интереси се обидуваат да ги менуваат историските факти, ниту се патриоти, а уште помалку државници.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх

Трајанов го поднесе законот за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но со гласање на дијаспората