Демократски сојуз: Државниот врв скриен од народот

Од:

Државниот врв вчера држеше говори на најголемиот македонски национален и државен празник, ИЛИНДЕН, далеку од народот, со силно полициско обезбедување и одбрани гости.Имаше обид да се злоупотреби овој светол празник, да се повикува на илинденците и на востанието за наводно да покажеме и сега храброст за да се промени Уставот, за Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ велат од Демократски сојуз.

– Многу е несоодветно било кој да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот,
истовремено да се бега од народот или да се направи нешто што 80% од народот не го прифаќа. Неспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но токму државниот врв не заглави на тој пат со прифаќање на неприфатливи услови, со коленичење и сервилност, без консултации со народот, без стратегија и поширок политички консензус. Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори. Со политички блефови, театар, манипулации и злоупотреба на историските настани, нема да победите ниту ќе направите реформи, а уште помалку ќе обезбедите сполотеност и единство. Ќе “купите” некој ден повеќе да бидете на власт, но народот ќе ве казни. Национален, државен и граѓански интерес е да се организираат избори и да се проверат политиките кои се нудат, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија