Демократски сојуз: Да се среди списокот на гласачи

Од:

По усвојувањето на законите за имплементација на анекс договорот од Пржино, формално правно се отворат можности за создавање услови за организирање на избори до крајот на 2016 година.

Решенијата во законите се контроверзни, дел од нив спротивни на демократските принципи (уредникот на МТВ да го бираат партиите…), некои не се во согласност со Уставот и сл., но тие се одраз на политичката криза и отпорите на власта да не се менува ништо, затоа што промените значат отворање на круцијалното прашање за одговорноста на креаторите на кризата.

Без да се утврди одговорноста за масовното прислушување, кршењето на изборните правила и докрај да се расчистат сериозните сомневања за тешки облици на криминал, нема да има услови за фер, демократски и кредибилни избори.

Огромна одговорност имаат судовите кои досега се една од најслабите карики во системот на институции надлежни за обезбедување на правда и владеење на правото.

Во наредниот период очекувањата се дека СЈО ќе работи професионално, одговорно и транспарентно и заедно со другите државни институции ќе ги “отстранува” препреките кои го кочат демократскиот развој на државата и против сите инволвирани во криминал ќе подигне обвиненија.

ДИК треба заедно со МВР да го прочисти избирачкиот список и да не чека тоа да го направи некој друг. Од ДИК зависи дали ќе има избори и промени, како битни предуслови за стабилизација на државата.

ДС повикува Август да биде месец на пресврт, на тоа не обврзуваат и настаните и заветот од 2ри Август 1903 и 1944.

Би можело да ве интересира

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 избирачи

Павле Трајанов е реизбран за претседател на Демократскиот Сојуз

Горан Наумовски

За претседателските избори во Избирачкиот список запишани 1.814.317 избирачи, за парламентарните 1.815.350

Горан Наумовски

Вкупно 4.527 лица направиле увид во Избирачкиот список во канцелариите на ДИК, а 13.056 по електронски пат

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

Орце Костов