Демократски сојуз: Блокадата за ЕУ не ја прават граѓаните и опозицијата туку Владата

Од:

Бујар Османи, министер за надворешни работи, потврди дека за уставните промени крајниот рок не е ноември, како што цела година ги лажеа граѓаните, медиумите, парламентот, САД и другите наши партнери и поддржувачи. Тоа значи дека нема формално започнување на преговорите со ЕУ и отворање на кластерите велат од Демократски сојуз.

– Година дена Ковачевски, Маричиќ и Османи лажеа, манипулираа и вршеа невиден притисок за уставни промени и вградување на Бугарите во Уставот, како предуслов за започнување на преговорите со ЕУ, како единствен предуслов, но Бујар Османи јавно призна дека рокот е до крајот на мандатот на оваа Влада, одонсно до јуни 2024 година. Сосема е јасно дека блокадата за ЕУ, не ја прават граѓаните и опозицијата,туку Владата. Османи ги знае најавите од некои земји членки на ЕУ, дека и по уставните промени нема согласност за почеток на преговорите и отворање на кластерите, поради организираниот криминал и корупцијата, поради некредибилниот и корумпиран судски систем, поради невладеењето на правото и партизацијата, како и поради отсуството на реформи и резултати. После ваквото фијаско, единствено што преостанува е одговорност, оставка на Владата и предвремени парламентарни избори. Господине Ковачевски, ако продолжите и натаму со оваа агонија, да инсистирате уште некој ден да бидете на власт, Вие ја преземате одговорноста за блокадата на евроинтеграциите и хаосот во кој ќе ја вовлечете државата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх