Демократската партија на Турците против одлуката на Иванов

Од:

Демократската партија на Турците на Македонија денеска соопшти дека не се согласува со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов со општ акт да се прекинат сите кривични постапки против лица од власта и опозицијата произлезени од незаконски прислушкуваните разговори.

– Со одлуката на претседателот се оневозможува преку регуларна судска постапка да се открие целата вистина околу оваа афера која предизвика сериозна политичка криза во земјата. Од друга страна, со ваквиот акт се оневозможува дел од осомничените во регуларна судска постапка да ја докажат својата невиност за да не го носат жигот на аболиран носител на јавна функција, се вели во соопштението од ДПТМ.

Иако претседателот во своето обраќање до нацијата укажува дека одлуката ја донел самостојно, без консултација со политичките партии, а со цел заштита на државните интереси на Република Македонија, наведуваат од ДПТМ, реакциите после овој чин ја зголемуваат нашата загриженост за натамошниот развој на настаните кои како партија внимателно ќе ги следиме и соодветно на тоа ќе ги презентираме нашите ставови.

Би можело да ве интересира

ДПТМ: Неприфатливи активностите кои задираат во унитарниот карактер на државата

Ана Ололовска

Бејџан Илјас нов претседател на ДПТМ

Ана Ололовска

Кенан Хасипи реизбран за претседател на ДПТМ

Кејт Мидлтон