Демант од МЗШВ на изјава на Зоран Ѓорѓиев од СДСМ

Од:

СДСМ на денешната прес конференција изнесе голем број на невистини со кои се обидува да манипулира со јавноста и со лозарите.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сака пред се да информира дека не постои загарантирана откупна цена на грозјето, што говори за уште едно непознавање на СДСМ и обид за добивање на политички поени.
Да потсетиме, ниту една винарска визба и откупувач не може да почнат со откупот на грозјето додека не се проверат вагите и мерачите на откупните пунктови, односно да почнат со откуп без баждарени мерачи и ваги.

Министерството е во постојан контакт со земјоделските здруженија и со винарските визби и ги повикува сите лозари на кои што евентуално им е направена лоша проценка на грозјето, за тоа да го информираат Државниот инспекторат за земјоделство. Тие тоа може да го сторат и на бесплатниот телефонски број кој што е истакнат на видно место на секој откупен пункт.

Покрај тоа, според Законот за виното ниедна винарска визба не може да се вклучи во откупот доколку има долг кон лозарите.

На таквите винарски визби им се одзема дозволата за откуп, а нова дозвола добиваат откако претходниот долг кон лозарите ќе го исплатат со камата.
Сакаме да ја известиме јавноста и дека на сите лозари кои што поднеле барање, дале валидни податоци и ги исполнуваат условите субвенциите им се исплатени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски