А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Демант од Министерството за здравство за текст на „А1он“

by А1он11/03/2021 - 19:26679
Share0

Министерството за здравство ја демантира и ја отфрла како невистинита содржината на насловот во текстот „Филипче ги крие лекарите кои не најдоа грешка за извадените бубрег, јајник и матка кај родилка“, објавен на веб-порталот „А1он“ од новинарката Маја Илиевска Пачемска.

Добивај вести на вибер

Дека министерот за здравство д-р Венко Филипче не крие ништо од јавноста и од медиумите, говори фактот што тој секогаш е лично достапен, транспарентен кон новинарите и кон медиумите, а Одделението за односи со јавноста секогаш во најкус можен рок одговара на сите прашања на медиумите, како што впрочем беше случај и денеска со „А1он“ кои не присуствуваа на пресконференцијата на министерот Филипче.

Новинарката Маја Пачемска Илиевска денеска се обрати до Одделението за односи со јавноста на МЗ од каде побара во целост да ѝ биде испратен извештајот од Комисјата за стручен надзор, формирана од Лекарската комора на РСМ, а поврзано со пациентката Ј.В.

Одделението за односи со јавноста и одговори на новинарката дека „Министерството за здравство на 9 март до медиумите кои изразија интерес за овој случај, им го испрати интегрално целиот заклучок од извештајот на Комисијата за стручен надзор, кој Лекарската комора го достави до Министерството за здравство“. Објавувањето на Извештајот во целост е спротивно на Законот за заштита на права на пациенти, бидејќи истиот содржи лични податоци за пациентката како и за текот на нејзиното лекување. Извештајот на ЛК единствено може да го добие лично пацинетката, член од нејзиното семејство кое ќе добие полномоштво од пациентката како и надлежни институции.

Што се однесува до членовите на Комисијата, формирана од Лекарската комора на РСМ, Одделението за односи со јавноста на новинарката и одговори дека „имињата на членовите на комисијата кои го вршат стручниот надзор не се познати на Министерството за здравство и не се напишани во извештајот што ЛК го достави до Министерството“. Во објавениот текст новинарката пренесува и изјава од министерот за здравство кога на новинарско прашање за друг медиум, д-р Филипче, одговара дека извештајот не е класифициран, мислејќи на заклучокот од Извештајот за што како што посочивме заинтересираните медиуми го добија истиот, како и новинарката на „А1он“. Што се однесува до лекарите кои учествувале во стручниот надзор, министерот на денешната пресконференција посочи дека стои на располагање на медиумите, но прво треба да „види во каква форма ЛК го доставила извештајот до Министерството“, мислејќи на тоа дали во истиот се наведени имињата на членовите од комисијата.

Во извештајот доставен до Министерството, како што веќе посочи Одделението за односи со јавноста, имиња на членови на комисија кои вршеле стручен надзор, не се наведени.

Но и покрај тоа што „А1он“, доби одговор дека во извештајот од ЛК не се наведени имињата, на почетокот од текстот и во насловот сепак стои обвинување дека министерот Филипче некого крие.

Неточниот контекст во насловот и почетокот на текстот е дезинформирање на јавноста, што дава сомнеж дека има за цел да се наруши угледот на министерот за здравство д-р Венко Филипче и на Министерството за здравство.

Министерството за здравство бара јавно извинување за наводите изнесени во насловот на објавениот текст, како и целосно објавување на овој демант во иста форма и време каде е објавен текстот на авторката Маја Илиевска Пачемска.

Во член 3 од новинарскиот кодекс, а во врска со правото на објавување демант, согласно став 7 стои дека “одговорите не треба да бидат проследени со полемичен редакциски коментар”, па оттаму бараме нашиот одговор да биде објавен во целост, онака како што е напишан.

filipcezdravstvo

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски26/02/2026 - 12:0426/02/2026 - 12:04

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:26

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски16/02/2026 - 13:2116/02/2026 - 20:57

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен