Демант на Владата на Република Македонија

Од:

Демант на веста „Во близина на Груевски само ако прво Влада те акредитира“:

Без да навлегуваме во тоа дали се работи за тенденциозен текст со политизирачка конотација, во врска со дезинформациите кои се објавени на медиумскиот портал А1он во веста “Во близина на Груевски само ако прво Влада те акредитира”, би сакале да го истакнеме следното.

Владата на Република Македонија во изминатиот период реализираше јавен и транспарентен процес на издавање на акредитации за медиумските работници за проследување на медиумски настани во објектот на Владата и медиумски настани кои се реализираат од страна на членовите на Владата надвор од владините простории.

Тоа е соодветен процес кој се применува во сите земји во светот каде за проследување на медиумски настани на кои присуствуваат членовите на Владата или се организирани од Владата се издаваат акредитации на новинарите. Некаде тоа се прави со издавање на акредитации за поединечни настани, а некаде се издаваат општи акредитации за проследување на сите медиумски настани на членовите на Владата на годишно ниво, како што е направено во овој случај.

За овој транспарентен процес беа известени редакциите на медиумите и тоа и по пат на електронска комуникација, односно по електронска пошта, и по телефонски пат најчесто во разговор со уредниците на медиумите или пак реализаторите и организаторите во медиумските куќи, за што може да посведочат самите новинари во медиумите. И медиумот А1он е известен за процесот и тоа по пат на електронска пошта, а и во непосреден разговор на новинар од медиумот со службеник од Секторот за односи со јавноста на Владата.

Во процесот на издавање на барања за издавање на акредитациите речиси сите медиумски куќи доставија барања и листи за медиумски работници кои тие сакаат да бидат акредитирани. За најголем број од нив акредитациите се веќе издадени, односно во тек е процес на подигнување на изготвените акредитации, за што повторно медиумските куќи беа известени.

Секторот за односи со јавноста на Владата како и досега е отворен за соработка и комуникација со А1он, и согласно процедурите стои на располагање да издаде акредитации на новинарите на А1он за што е потребно медиумот да достави барање до Секторот согласно известувањето кое тие го имаат добиено.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата