Делумно под контрола пожарот кај „Јасен“

Од:

Огнената стихија која деновиве беснееше во Националниот парк „Јасен“ делумно е под контрола и локализирана, но на неколку места е сеуште гори.

На терен се ангажирани 10 вработени од Шумско стопанство и 20 од шумски резерват Јасен и дејствува протипожарниот авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот е активен помеѓу селата Тажево и Брезница, каде гори борова шума.

Активен е пожарот кај велешките села Бањица, Дреново и Лисиче, каде гори габер, даб и стара сеча. На терен се ангажирани 7 вработени од Шумското стопанство, кои имаат сознанија дека пожарот намерно се потпалува за што е се известено МВР.

Од ДСЗ информираат дека активен и натаму е пожарот кај кумановско Глажња, на местото викано Мала Пресица, каде гори нискостеблеста шума на непристапен терен- западно према спрема Срима и се движи кон Брест.

Локализиран е пожарот кај тетовското село Туденце каде беше зафатена борова шума, но повторно чади на неколку места.

Чади и кај село Радуша.

Изутрината бил пријавен и пожар во општина Ѓорче Петров меѓу селата Никиштани и Грачани на приватна дабова шума.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски