Делумна забрана за движење во Јасен, Маврово и Галичица како превенција од пожари

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе делумна забрана за движење во шумите во националните паркови Јасен, Маврово и Галичица, која ќе важи до отповикување на одлуката.

Забраната, како што е наведено, е по барање на ЈПУЗПП „Јасен” – Скопје, ЈУ Национален парк „Маврово” и ЈУ Национален парк „Галичица” и започна да важи од вчера, а ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа одлука е донесена, со цел за превентивна заштита на шумите од појава на пожари на отворен простор, соопшти МЗШВ.

Оваа забрaна не важи за вработените на ЈПУЗПП „Јасен” – Скопје, ЈУ Национален парк „Маврово” и ЈУ Национален парк „Галичица”, како и за субјектите кои со дозвола вршат активности од областа на шумарството во границите на овие заштитени подрачја.

За непочитување на оваа забрана од страна на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противредност.

МЗШВ ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија дека заради превенција од пожари се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловишта. За непочитување на одредбите од Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противредност.

Забраната не важи за организирани тури на туристи за туристичко разгледување, кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на ЈПУЗПП „Јасен” – Скопје, ЈУ Национален парк „Маврово” и ЈУ Национален парк „Галичица”.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов