Делови од Визбегово, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Батинци утре без струја

Од:

Без електрична енергија утре во периодот 06.00 до 11.00 часот, ќе останат зградите лоцирани на бул. Босна и Херцеговина, а краткотрајни прекини ќе има во објектите во индустриската зона Визбегово: Медика, Колид Анета, Алма М, Блив, Еуробулс, Дата Понс, Мусли Компани, МАК КАБ, Гипсар, како и дел од корисниците од Момин Поток, соопшти РЦУК Скопје.

Во периодот 08.30 до 10.00 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од ул. Црвена Вода во општина Центар, од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од подулица 1 – блага вода во населбата Стопански Двор во општина Ѓорче Петров, а од 09.00 до 12.00 корисниците од ул.1, 6 и 7 во село Батинци.

Без струја од 09.00 до 13.00 часот ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Париска“ и „Прашка“, а од 11.00 до 15.00 часот корисниците од ул. „Козле“ од бр.18 до бр.26 во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата