Делови од Скопје утре без струја

Од:

Од 8:25 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Багдадска“ и „Анкарска“ во општина Карпош.

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите од улицата „Студеничанска“ и корисниците од објектите во индустриската зона во Пинтија, објектите од мостот кон Драчево до станбените објекти во Пинтија, Прототип, Бато и Дивајн, Геинг, Макомаркет, сите стопански и нестопански објекти на булеварот „Борис Трајковски“, бензиските пумпи на патот кон Драчево, Техногума, Гоива, Грос комерц, Магнус, Ваташа, Електро Елемент и Орбико, сите во општина Кисела Вода.

Без снабдување со електрична енергија од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од улицата „Анкарска“ од бр.10 до бр.20, а од 9 до 13:30 часот дел од корисниците од улицата „Хо Ши Мин“ броевите: 137, 139 А и Б, 141, 143 А и Б, 133, 135 А и Б во општина Бутел.

Од 7:30 до 9:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Пушкинова“ бр.6 во општина Кисела Вода, а од 10:30 до 12:30 часот корисниците од селата Студеничани и Морани.

Во периодот од 12:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Драчево, на стариот пат кон селото Батинци, Врапче, Љубош и Батинци, како и индустриските објекти од мостот кон Драчево кон село Батинци и сите стопански и нестопански објекти на патот кон село Батинци.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата