Делови од Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродрим и Центар в понеделник без струја

Од:

Од 6 до 10:30 часот в понеделник без струја ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, караула Чашка, Радуша, Дворце, Орашје, Кондово, Кучково, Грачани и викенд населбата Веле поле.

Во периодот од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Хелсинки“, „Нобелова“ и „Лондонска“ во општина Карпош.

Без снабдување со струја од 8:30 до 13 часот ќе бидат корисниците од улицата „Фрањо Клуз“ 4 и објектот на „Елена Лука“ во општина Аеродром.

Од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Салих Асим“ (поранешна „Подраѓе“) од број 47 до 61 во Старата скопска чаршија.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски