Делови од Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Од:

Од 8:30 до 9 часот и од 13 до 14 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Московска“ бр.9 и од број 18 до 30, „Осло“ и дел од пазарот во населбата Тафталиџе, општина Карпош.

Во периодот од 8:30 до 10 часот без струја ќе бидат дел од жителите лоцирани на улицата „Црвена армија“, „Ѓорче Петров“ бр.24 и околните броеви во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 8 до 10 часот ќе бидат дел од корисниците од Средно Водно, Горни Крушопек, Етно село во Нерези-инекс и Горно Нерези во општина Карпош.

Во периодот од 11 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Борис Сарафов“, дел од улицата „Кузман Шапкарев“, улици во околината на „Жито маркет“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош