Делови од Центар, Карпош и Аеродром утре без струја

Од:

Без електрична енергија утре од 12 до 14 часот ќе останат дел од корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во општина Карпош.

Од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Симеон Кавракиров“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ број 22 и 24 во општина Аеродром.

Дел од корисниците од улиците „Њуделхиска“ од број 9-а до број 11-б и „Атинска“ од број 1-а до број 9-б во општина Карпош ќе бидат без снабдување со струја од 8:30 до 13:30 часот.

Од 11 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Антон Панов“ – број 8, 8-а, 10 и 33 во општина Центар.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електромрежата.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош