Делови од Аеродром, Карпош и неколку скопски села утре без струја

Од:

Корисниците од улицата „Горноврановска“ во општина Аеродром утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селата Долно и Горно Свиларе, а од 10:15 до 11:15 часот и дел од корисниците од караула Чашка, село Кучково, како и викендици- Кучково.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од улиците „Миле Поп Јорданов“ и „Џумајска“ во општина Карпош, а од 08:40 до 15:00 часот корисниците од Јурумлери од патот за Лисиче до Дрма, Колонија и Идризово.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирни зафати во дистрибутивниот систем од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето