Делницата Градско – Неготино затворена за сообраќај

Од:

Делницата од Градско до Неготино денеска од 5:00 до 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај поради најавеното снимање на францускиот филм „А Фонд”.

Како што соопшти АМСМ, прекин на сообраќајот се очекува и во понеделник, на 2-ри ноември, на патот А2 Кичево-Охрид на делот меѓу Пресeка и село Врбјани, поради минирање. Сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути помеѓу 14:30 – 16:30 часот.

Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози