Делков: За само сто дена вративме една третина од долгот на Неготино

Од:

За само сто дена вративме една третина од претходниот долг на општина Неготино, вели новиот градоначалник Тони Делков.

Тој нагласува дека непобитен е фактот дека за нормално функционирање на локалната самоуправа основа е стабилна финансиска состојба на општината.

– За жал, со моето стапување на функцијата градоначалник и извршените анализи од страна на стручните служби, констатиравме дека долгот на општината по разни основи изнесува вкупно 117.000.000 денари, што, верувам ќе се согласите, за една мала општина како нашата е премногу, додава тој.

Со гордост, вели, сака да информира дека со транспарентно, домаќинско и одговорно работење и на локалната самоуправа, за само 100 дена биле исплатени достасани обврски во висина од над 27.000.000 денари, со што долгот на општина Неготино го намалиле за речиси третина од вкупните побарувања.

– Вративме и една рата од 50.000 евра долг од кредитот за водоснабдување, што дојде за наплата, а на ЈП Комуналец му префрливме наменски 2.000.000 денари со цел вработените навремено да можат да користат здравствено осигурување. Продолжуваме и понатаму со домаќинско работење, а паралелно подготвуваме и бројни проекти за реализација, рече Делков и најави повеќе информации за ова деновиве.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот

Филипче: Петар Мантев е човек од народот, Неготино заслужува вистински градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Водата за пиење во Неготино е забранета за употреба

А1он