Делегацијата на СДСМ ја продолжи посетата на Шведска

Од:

Делегацијата на СДСМ која ја предводи потпретседателот Дамјан Манчевски во текот на вчерашниот ден оствари средба со Роберт Хамарстранд – заменик градоначалник на Гетеборг. Тој има македонско потекло и доаѓа од редовите на шведската Социјалдемократска партија.

На состанокот делегацијата на СДСМ го информираше Хамартсранд за актуелната ситуација во Република Македонија. Во разговорот беа разменети мислења на кој начин би можело да се помогне за враќање на демократијата во Македонија.

СДСМ го покани г-динот Хамарстранд да се вклучи во проектот на збратимување на општинските организации на СДСМ со општинските организации на шведската Социјалдемократска партија.

Во попладневните часови делегацијата на СДСМ оствари средба и со раководствата на Културно-спортското друштво „Македонија“ и друштвото „Преспа Бирлик“ од Малме, Шведска.

СДСМ ги информираше иселениците од земјава за најновите политички случувања во Македонија и за идните чекори што СДСМ ќе ги превземе за решавање на политичката криза во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски