Делегација од Сараево на средба во Град Скопје

Од:

Делегација од Град Скопје предводена од претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и заменик-градоначалникот на Град Скопје Борче Георгиевски,  денеска во просториите на Советот на Град Скопје оствари работна средба со делегација од Сараево.

Делегацијата од Сараево во работна посета на Скопје, како што соопшти Град Скопје, е предводена од заменик-претседател на Советот на градот Сараево и потпретседател на комисијата за меѓународна соработка Миро Лазовиќ.

Миро Лазовиќ во име на делегацијата од Сараево се заблагодарил за одличниот прием во Скопје и изразил очекувања за успешната работна посета.

На средбата, како што соопшти Град Скопје, двете делегации разговарале на повеќе теми од областа на локалната самоуправа, а биле разменети и искуства во однос на функционирањето на советите на двата града.

Двете делегации се заложија за интензивирање на соработката во повеќе области, меѓу кои култура, образование, спорт, размена на искуства  во функционирањето на јавниот превоз и меѓународната соработка, a било разговарано и за можноста за реализација за заеднички проекти.

На крајот од средбата, двете делегации се заложиле за интензивирање на процедурите за што поскорешно официјално потпишување на спогодбата за збратимување меѓу двата града.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче