Делегација на Народно движење за Македонија во состав, потпретседателот на НДМ Трпко Спасовски, проф. Панче Жежовски и Злате Војновски членови на Извршниот комитет на НДМ, оствари средба со г-дин Филипо Ломбарди член на Кантоналниот совет (Горниот дом) на Швајцарскиот парламент и претседател на Комисијата за миграција на Парламентарното собрание на ОБСЕ, кој, викендов учествуваше на есенската сесија на 15. Парламентарно собрание на ОБСЕ што се одржа во Скопје.
На средбата беа разгледани можностите за воспоставување на поблиска соработка меѓу Народно движење за Македонија и партијата на г-дин Филипо Ломбарди, Христијанско-демократската народна партија на Швајцарија која со 23 пратеници е парламентарна партија во швајцарскиот парламент и притоа беа разгледани и други актуелни прашања за кои беше изразено меѓусебно разбирање.