Делегација од македонското Собрание на Интерпарламентарна конференција во Виена

Од:

Делегација на Собранието на Република Македонија од денеска до 12-ти овој месец ќе учествува на Интерпарламентарна конференција организирана од страна на Комисијата на Заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на Европската Унија, што се одржува во Виена, Република Австрија.

Во состав на македонската делегација се претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими и копретседавачот со Мешовитиот парламентарен Комитет Република Македонија – Европска Унија, Горан Милевски.

На Интерпарламентарната конференција ќе се отвори дебата за имплементацијата на приоритетите на австриското претседателство со Советот на Европската Унија, за што свое обраќање ќе има високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, како и голем број министри од Република Австрија и претставници од Европскиот парламент, Европската Комисија и земјите членки на Европската Унија.

Според агендата предвидена е расправа за значајни и актуелни прашања како што се безбедност, миграција и контрола на надворешните граници на ЕУ, отпор против американските санкции кон Иран – со договор за денуклеаризација на иранската држава, европски перспективи за Западен Балкан, Европа во глобален контекст, начини на зајакнување на одбраната во Европската Унија и други ЕУ актуелности, соопшти прес-службата на Собранието на РМ.

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи