Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски

Од:

Денеска делегација на Градот Скопје положи цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од загинатите во авионската несреќа, лоцирани во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.

На гробот на Претседателот Трајковски цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, државни институции, политички партии, претставници на дипломатскиот кор и здруженија на граѓани.

Денеска се одбележува 13 годишнината од трагичната смрт на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Во авионската несреќа животите ги загубија и: портпаролот на Претседателот Трајковски, Димка Илкова Бошковиќ, советниците на претседателот Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он

Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Навалица за вакцинирање во „Борис Трајковски“, закажаните за в сабота дошле денес оти сакале да користат продолжен викенд

Маја Илиевска-Пачемска