Делегација од ДОМ на Собранието на Европските зелени

Од:

На собранието на Европските зелени што од 7 до 9 ноември се одржува во Истанбул учествува делегација од Демократската обнова на Македонија-ДОМ, предводена од претседателката Лилјана Поповска.
Во фокусот на средбата се демократијата, невработеноста на младите во Европа, енергетската безбедност и климатските промени во пресрет на Самитот во Париз идната година.

– Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на првата сесија на групата за климатски промени извести за конференцијата на балканските зелени партии „Еколошка безбедност за Балканот – спремен одговор за климатските промени“, организирана во октомври од ДОМ со поддршка од Балканската мрежа, со десет партии и 250 учесници од девет земји. Информираше за темите, заклучоците, но и за отвореноста на балканските зелени за заедничко дејствување во овој честопати турбулентен регион, информира ДОМ.

На Собранието ќе се избира и нов генерален секретар, а меѓу кандидатите единствен претставник од Балканот е Борјана Хрисимова од Бугарските зелени.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов