Делегација на збратимениот град Дрезден во посета на Скопје

Од:

Повеќечлена делегација на збратимениот град Дрезден, СР Германија, деновиве престојува во официјална посета на Скопје. Делегацијата е составена од заменик-градоначалникот на Дрезден задолжен за ред и безбедност, Детлеф Сител, Командантот на Противпожарната бригада на Дрезден, Абдреас Румпел, советникот за заштита од пожари и од катастрофи Михаел Катц и претставничка од Одделението за меѓународна соработка на Дрезден, Регин Крамер.

За време на нивниот престој делегацијата посети повеќе средни училишта во Градот Скопје и повеќе бази на Противпожарната бригада на Скопје, а во текот на посетата остварени се и голем број официјални средби.

Вчера делегацијата од Дрезден остварија средба и со заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи, и поголем број претставници на градската администрација.

На средбата се дискутираше за досегашната соработка меѓу Скопје и Дрезден, како и можноста за продлабочување на истата, пред се, во областа на културата, економијата, образованието, противпожарната заштита и туризмот. Една од темите на разговорот беше и кандидатурата на Скопје во 2028 година да биде Европска престолнина на културата, бидејќи Дрезден аплицира за истата титула во 2025 година. На средбата се дискутираше за размена на искуства од аспект на организација и подготовки за овој голем настан, како и за подобрување на соработката на културните институции од двата града.

На средбата стана збор и за активностите во рамки на европскиот проект MAtchUP, кој е проект за „паметен град“ (Smart City) во кој учествуаат и Скопје и Дрезден. Преку овој проект, кој е финансиран од Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020, градовите ќе дизајнираат и имплементираат палета иновативни решенија од областа на енергетиката, мобилноста и ИКТ, кои ќе се користат како модел на урбанистички трансформации за други градови во Европа и пошироко.

Скопје и Дрезден се збратимени градови од 1967 година и имаат успешна соработка на полето на културата, образованието и спортот, како и размена на искуства во противпожарната заштита.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат