Делегација на вооружените сили на Австрија го посети ГШ на АРМ

Од:

Делегација на вооружените сили на Австрија предводена од началникот на Генералштабот генерал Отмар Коменда, во рамки на дводневната официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, денеска престојуваше во Генералштабот на АРМ.

По пречекот со високи воени почести генералот Коменда, како што соопшти ГШ на АРМ, остварил средба со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

На средбата, како што се наведува, покрај презентирањето на мисијата на АРМ, процесот на трансформација и учеството во мировните мисии предводени од ОН, НАТО и ЕУ, се разговарало за актуелната безбедносна ситуација во регионот, како и за разгледување на можностите за интензивирање на меѓусебната воена соработка во повеќе области на одбраната, посебно во изведување на заедничка обука на специјалните сили на двете армии.

Генералот Величковски го истакнал значењето на оваа средба пред се од аспект на размената на искуства преку постојани експертски разговори со цел утврдување на можностите за понатамошно интензивирање на соработката. Како пример тој го посочил заедничкото учество на вежбата „Заеднички предизвик“ („Common Chalenge 2017“) која веќе почна со реализација во Црна Гора каде АРМ учествува со свои припадници од полкот за специјални операции.

Генералот Коменда се осврнал на придонесот кој АРМ го дава со своето учество во мировните мисии и меѓународни вежби, со посебен осврт на покажаната интероперабилност и стандарди од припадниците на АРМ, со што, како што се наведува, АРМ се докажува како придонесувач во колективната сигурност. Притоа била нагласена улогата која ја одигра АРМ во справување со миграциската криза, за што подетално бил брифиран при вчерашната посета на јужната граница на Република Македонија.

– Искажаните ставови при посетата од највисоко армиско ниво на вооружените сили на Австрија, која е една од армии подржувачи на АРМ се уште едно признание на посветеното исполнување на обврските на АРМ и достигнатите стандарди во обученоста и интероперабилноста со армиите на земјите членки на НАТО и партнерските армии, соопшти ГШ на АРМ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски