Делегација на Владата положи цвеќе на партизанските гробишта и на гробовите на генерал Апостолски и на починатите претседатели

Од:

Делегација на Владата составена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на армијата Киро Глигоров и Борис Трајковски.

На денешен ден, во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред баталјонот „Мирче Ацев“, кој подоцна во Народно ослободителната војна (НОВ) прерасна во војска кој ја ослободи територијата на нашата држава, пожртвувано оставајќи печат вграден во темелите и независноста на нашата татковина.

Денеска, 78 години подоцна, Армијата на Република Северна Македонија на највисоко професионално ниво, заедно со останатите сојузнички војници на земјите-членки на НАТО, дејствува согласно стандардите на Алијансата, учествува во меѓународни мировни мисии и го дава својот придонес во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност.

Би можело да ве интересира

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Горан Наумовски

Во Охрид одржана Централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата

Армијата одбележува 32 години постоење

ВИДЕО: Одликувања со Орден за воени заслуги по повод 18 Август – Денот на Армијата Република Северна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пендаровски: Без доверба во институциите, ја ризикуваме националната безбедност, а државата нема перспектива

Ана Ололовска

Шекеринска: Членството во НАТО ја помести државата напред и не направи горди

Ана Ололовска