Делегација на собраниската Комисија за европски прашања во посета на Бугарија

Од:

Делегација од Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на комисијата Артан Груби, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Софија на покана на Кристијан Вигенин, претседателот на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови во Народното собрание на Република Бугарија.

Делегацијата во чиј состав се и пратениците Јулиана Николова, Татјана Прентовиќ и Трајчо Димков, членови на Комисијата, ќе има средби со заменик-претседателката на Владата на Република Бугарија за правосудна реформа и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со министерката за бугарското претседателство со Советот на ЕУ, Лилиана Павлова и со потпретседателот на бугарското Народно собрание Емил Христов.

Во агендата на собраниската делегација се и средби со Џема Грозданова, претседател на Комисијата за надворешна политика; претседателот Борис Вангелов и членовите на Групата за пријателство Бугарија-Македонија, како и со домаќините на партнерската Комисија предводена од Вигенин.

Како што се наведува во соопштението од собраниската Комисија за европски прашања, посетата се реализира по објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2017 година и во светло на претседавањето на Република Бугарија со Советот на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање