А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Делегација на Собранието на Република Македонија на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур

by А1он21/01/2019 - 08:49119
Share0

Делегацијата на Собранието на Република Македонија ќе земе учество на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која се одржува од 21 до 25 јануари, jaвува дописникот на МИА од Стразбур.

Следете a1on на Instagram Instagram

Македонската делегација во Стразбур е предводена од претседателот на делегацијата Бетиан Китев, Африм Гаши и Шпреса Хадри. Тие за време на сесијата во Стразбур ќе имаат можност да го сослушаат обраќањето нa претседателот на Финска, чија земја претседава со Советот на Европа..

Покрај тоа, финскиот министер за надворешни работи ќе ја претстави работата на Комитетот на министрите.

Зимската сесија ќе го означи на некој начин и официјалниот почеток на кампањата за нов генерален секретар на најстарата паневропска организација. Кандидати се Дора Бакојани, поранешен министер за надворешни работи на Грција, белгискиот министер за надворешни работи и одбрана Дидие Рејндерс, хрватската министерка за надворешни работи и заменик претседател на вадата, Марија Пејчиновиќ Буриќ и поранешниот литвански премиер, Андриус Кубилиус.

Следете a1on на Youtube YouTube

ПССЕ ќе одржи заедничка дебата за јавните медиумски сервиси во контекст на дезинформаците и пропагандата, како и за слободата на медиумите како услов за демократски избори. Ќе се дебатира и за управување со Интернет и човековите права.

ПССЕ треба да ги ажурира насоките за фер и праведни референдуми и ќе ја испита компатибилноста на шеријатскиот закон со Европската конвенција за човекови права. Исто така, ќе се расправа и за мерката за одземањена државјанството како мерка за борба против тероризмот, а ќе се дискутира и за промовирање на правата на лицата коишто им припаѓаат на националните малцинства.

Меѓу другите дебати во текот на оваа паневропска парламентарни недела во Стразбур е борбата против неказнивоста преку насочени санкции во случајот Сергеј Магнитски и слични ситуации, за подобро следење на препораките на Европскиот комитет за спречување на тортурата, како и на еволуцијата на процедурата за мониторинг на ПССЕ во 2018 година и периодично преиспитување на усогласеноста со обврските на Исланд и Италија со членството во Советот на Европа.

Втората заедничка дебата ќе се фокусира на дискриминација во пристапот до вработување и потребата за активно население коеќе ги интегрира лицата со посебни потреби.

Пред бирото на ПССЕ пристигнаа и две барања за итни дебати, една за „Намерната руска агресија против Украина: прекин на мировниот процес и закана за европската безбедност”, а втората за „Влошување на состојбата на политичката опозиција во Турција: што може да се направи за да се заштитат основните права во една земја-членка на Советот на Европа?”.

На кратка пленарна седница на 21 јануари, непосредно пред 13 часот, членовите на ПССЕ ќе се заложат за преземање активности во нивните национални парламенти за елиминирање на сексизмот, вознемирувањето и насилството врз жените.

Инаку на оваа зимска сесија е најевно дека нема да учествува парламентарната делегација на Руската Федерација, која една недела пред сесијата изгласа замрзнување на руската членарина во Советот на Европа, која изнесува 30 милиони евра, одлука која што може да доведе до излегување на Русија од организацијата.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто