Делегација на СДСМ во Шведска се сретна со идниот премиер Стефан Ловен

Од:

Делегација на Социјалдемократскиот сојуз во Шветска лично ги пренесе честитиките и поддршката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на раководството на СДСМ, на Стефан Ловен, кој по уверливата победа на Социјалдемократите ќе биде иден премиер на Шведска.

Претставниците на СДСМ, Васко Ковачевски – пратеник, Методија Тасовски – член на Централниот одбор, Ѓоко Танасоски – член на Извршниот одбор на партијата и Мила Царовска – претседателка на Комисијата за труд и социјална политика, во рамки на четиридневната посета на Шведска, остварија повеќе средби со кандидатите на Социјалдемократската партија на Шведска, а синоќа се сретнаа и со Стефан Ловен, чијашто партија ги доби парламентарните избори.

Делегацијата на СДСМ, на Ловен му подари македонски локум.

За време на четиридневната посета, претставниците на СДСМ, со раководството на сестринската партија во Шведска ги разгледа плановите за идна подлабока и поинтензивна соработка, а остварија и средби со повеќе кандидати за градоначалници од редовиите на социјалдемократите во Шведска.

Делегацијата на СДСМ во Шведска оствари средби и со дијаспората од Македонија, на коишто се разговараше за продлабочување на соработката.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски