Делегација на СДСМ оддаде почит на заложбите и придонесот на претседателот Трајковски

Од:

По повод шеснаесетгодишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски, делегација на СДСМ оддаде почит на заложбите и придонесот на Трајковски за соработка и заедништво на граѓаните и проевропската иднина на државата.

Прерано починатиот претседател Борис Трајковски ќе остане вечно запаметен како миротворец, чесен и доблесен политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава, велат од СДСМ.

Делегацијата на СДСМ во состав Снежана Калеска Ванчева, координаторка на форумот на жени на СДСМ, Весна Гершан, членка на ИО и Дејан Павлески, претседател на комисијата за локална самоуправа на СДСМ, денеска положи свежо свеќе на вечното почивалиште на Борис Трајковски, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Визијата на Борис Трајковски останува наша обврска

Јанков: Трајковски беше човек со длабока христијанска вера, со изразена лична скромност и човечност

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски