Делегација на СДСМ оддаде почит на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

Од:

Делегација на СДСМ во состав Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ, Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Љубица Јанчева претседателка на Советот на Град Скопје, положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 6- годишнината од неговата смрт.

СДСМ, како и граѓаните на Република Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров кон Република Македонија, кој изгради мостови на соработка и заeдништво како во нашата држава, така и во светот, и со тоа ги отвори перспективите за Македониа и нејзините граѓани.

Во интерес на животот и добра иднина на граѓаните и на Македонија, СДСМ останува определена да ги негува и развива вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО