Делегација на Поткомитетот за транзиција и развој на ПС на НАТО во посета на Парламентот

Од:

Делегација на Поткомитетот за транзиција и развој на ПС на НАТО денеска ќе има средба со шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО, Илија Димовски.

Според најавата од собраниската прес-служба, за време на посетата делегација на Поткомитетот во Парламентот ќе се одржи тркалезна маса на тема „Политичката ситуација во земјата, регионалните односи, економски реформи и односи со НАТО“.

На тркалезната маса ќе учествуваат членовите на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО, координаторите на пратеничките групи, членовите на Комисијата за надворешна политика и членовите на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on