Делегација на Осијек во посета на општина Струмица

Од:

Делегација на пријателската општина Осијек од Република Хрватска, денеска престојуваше во општина Струмица. На средбата во кабинетот на градоначалникот, Зоран Заев, присуствуваа Денис Амбруш, заменик градоначалник на Осијек, Иван Перковиќ, советник во амбасадата на Република Хрватска во Македонија и Вита Хузјан, конзул во конзуларното претставништво на Хрватска во Струмица и претставници на општина Струмица.

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу двете општини, но и се разгледуваа сите можности за унапредување на понатамошната соработка од која најмногу корист ќе имаат граѓаните.

– Една од темите на разговорите беше, најважното, економската соработка помеѓу двете општини. Осијек е општина од земја членка на ЕУ, важен дел е искуството кое што го имаат во правецот на ЕУ, кое што е значајно и драгоцено и за Струмица и за целиот наш струмички регион, но веќе ги прецизиравме и првите детали на соработката во образованието, во културата имаме веќе воспоставено соработка и во другите сегменти – изјави струмичкиот градоначалник Заев.

Заменик градоначалникот на Осијек, Денис Амбруш, очекува Струмица и Осијек во иднина квалитетно да ги развиваат односите во рамките на ЕУ, затоа што искуствата на Осијек во овие две години се врзани за одредени трендови, како што се животната средина, инфраструктурата, туризмот, образованието, но и поквалитетни човечки односи.

– Меѓу нашите очекувања е и идната соработка во образованието, особено во високото образование, затоа што Осијек е образовен центар со 20 илјади студенти во кој егзистираат Медицински, Правен, Економски, Градежен и уште многу други факултети, а надежите на нашите два града се во земјоделството и токму егзистирањето на Земјоделскиот факултет со институтот кои ги надминува рамките на Република Хрватска е тоа на кое во иднина поквалитетно ќе работиме и ќе дадеме свој придонес. Нашите два региона во иднина ги гледаме како водечки региони на национален план, затоа што компаративните предности кои што ги имаме стекнато низ историјата, се тие што ни овозможуваат нашата соработка да ја унапредиме преку размена на луѓе и добра во сегашноста која ја почнавме, а за што поквалитетна иднина на нашите граѓани – рече заменик градоначалникот Амбруш.
Струмица и Осијек интензивно соработуваат во последните три години и тоа во повеќе области.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски