Делегација на МПЦ во посета на Рим и Ватикан

Од:

По повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители – светите браќа Кирил и Методиј, делегација на Македонската православна црква Охридска епископија (МПЦ-ОА), предводена од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, е во посета на Рим и Ватикан, каде што ќе се одржи молебен на гробот на свети Кирил, во базиликата „Св. Климент Римски”.

Претставниците на МПЦ ќе имаат прием и средба со папата Франциско, а ќе посетат и други институции и институти на Ватикан и Италија, соопшти денеска Канцеларијата на Светиот архиерејски синод на МПЦ -ОА.

Дел од делегацијата се митрополитот европски г. Пимен и епископот хераклејски г. Климент, а во придружба на свештенослужители и верници од Македонија.

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?