Делегација на Левица оддаде почит за загинатите од 2001. кај тетовско Вејце

Од:

Делегација од партијата Левица денеска во тетовско Вејце оддаде почит на осумте припадници на Армијата и полицијата кои беа убиени на 28 април 2001 година на тоа место. Делегација ја предводеше потпретседателот Реџеп Исмаил, како и носителот на кандидатската листа во шеста изборна единица Игор Димески.

-Денес се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, каде осум наши бранители го загубија својот живот, бранејќи ја Република Македонија. Исто така има и повредени од овој немил настан. Левица е тука да им оддаде почит на тие жртви, и на повредените, изјави Игор Димески.

Андреја Јанков, члена на ЦК на Левица и модератор на сектор урбанизам го презентираше неговиот предлог за изградба на спомен обележје за убиените во Вејце.

-После 23 години од масакрот кај Вејце, сметаме дека е крајно време државата да им се оддолжи на оние кои дадоа сè, а им се врати со едно големо ништо. Tука загинаа осум бранители на Република Македонија, а шестмина беа ранети. Самите пилони на проектот ги симболизираат паднатите борци, додека полукалотите кои се наоѓаат помеѓу нив, се за нивните ранети другари. Во внатрешната страна се појавуваат спомен плочи на сите бранители, а во самата средина наместо вечен оган, зошто се работи за погобија, односно своевидно повторно крштевање на браникот на државата, е поставена фонтана која што претставува своевиден баптистериум, којшто треба да симболизира дека иако времето сè уште тече, ние сè уште не сме ги заборавиле, истакна Јанков.

Дел од делегацијата беа Дарко Ристов член на ЦК и модератор на ИТ сектор, членови и активисти на Левица – Тетово, Гостивар и Брвеница како и бранители од 2001 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН