Делегација на КФОР во посета на АРМ

Од:

Делегација на КФОР преводена од командантот на оваа мисија генерал-мајор Џовани Фунго, денеска престојуваше во официјална посета на МО и ГШ на АРМ.

Генералот Фунго кој е на оваа должност од септември оваа година имаше одвоени средби со министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменик началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај.

Како што информираат од ГШ на АРМ, на средбата се разговарало за безбедносната состојба во регионот, ситуацијата со мигранската криза, соработката со силите на КФОР во однос на споделување на информации со АРМ кои се однесуваат на актуелната безбедносна ситуација и потенцијалните терористички закани.

– Делегацијата од КФОР беше запознаена со трансформацијата на АРМ и учеството во мировните операции, а гостите од КФОР пред ГШ на АРМ ја презентираа безбедносната состојба во зоната на одговорност на оваа мисија, како и активностите и идните планови на КФОР, се истакнува во сооштението на АРМ.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски