Делегација на Град Скопје во посета на Истанбул

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и делегација од Советот на Град Скопје, денеска во рамките на посетата на главниот град на Турција, Истанбул остварија средба со градоначалникот на Град Истанбул, Кадир Топбаш, соопштија од Град Скопје.

На средбата градоначалникот Топбаш истакнал дека ваквите средби помеѓу градоначалниците и членовите на советите на двата града и размената на заедничките искуства, ќе придонесат за подобрување на односите меѓу градовите во економската, трговската и културната сфера.

– Во наредните денови ќе ги поканиме сите членови на Советот на Град Скопје да дојдат овде, каде што ќе воспоставиме контакти и направиме анализи на нашите дејности, во насока на подобрување на меѓусебната соработка, изјавил градоначалникот Топбаш.

Градоначалникот Трајановски се заблагодарил на гостопримството на Градот Истанбул, каде што наредниве неколку денови претстојува делегација составена од членови на Советот на Град Скопје, како и повеќе од 80 средношколци кои ќе имаат спортски натпревари со нивните соученици од средните училишта од Истанбул во ракомет, кошарка, фудбал и одбојка.

– Дискутиравме околу прашања од областа на сообраќајот, урбанизмот, хортикултурата, градежништвото, поточно за сите области кои се во надлежност на локалната самоуправа и мислам дека токму локалната самоуправа е една од најдобрите можности за соработка меѓу државите, бидејќи проблемите со коишто се соочуваат градовите, независно од која земја, се исти, кажа градоначалникот Трајановски, се вели во соопштението на Град Скопје.

Градоначалниците договориле размена на административни служби во одделни области на работењето, како што е областа на урбанизмот, финансиите, правните работи…

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан