Делегација на Амбасадата на Унгарија ја посети Општина Гази Баба

Од:

Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски денеска се сретна со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, првиот секретар во Унгарската амбасада Ѓулаш Шомоги и со претседателот на Здружението на Унгарците во Република Македонија „Теледон“ Јожеф Шутуш.

Како што информира Општина Гази Баба, градоначалникот Георгиевски се заблагодарил на Амбасадата на Унгарија и на унгарскиот народ за помошта што ја добило настраданото население во поплавата во август 2016 година. Георгиевски ги претставил можностите на општина Гази Баба и заложбата за реализирање проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во општината, посебно осврнувајќи се на проектите од инфраструктурата.

Дукс и Георгиевски разговарале за понатамошна соработка и за реализирање заеднички проекти, како и за продолжување на започнатата постапка за збратимување на општина Гази Баба и општината Пештержебет, која е дел од градот Будимпешта.

– На средбата се договори терминот за заедничкото одбележување на
националниот Ден на Унгарија во паркот на пријателство во населбата Триангла, со полагање цвеќе на спомен-плочите на Лајош Кошут и Франц Лист, соопшти Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица