Делегации положија цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски

Од:

Делегации од Владата и од Собранието на Република Северна Македонија и странски претставници денеска положија цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски на гробиштата Бутел, по повод 15 години од неговата трагична смрт.

Во владината делегација беа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и националниот координатор за подготовка за членство на земјава во НАТО Стево Пендаровски, а собраниската делегација ја предводеше претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

Гробот на претседателот Трајковски го посетија и странски политички и воени претставници – меѓу другите, цвеќе положија поранешните претседатели на Албанија и Хрватска, Алфред Мојсиу и Стјепан Месиќ, поранешниот премиер на Бугарија Симеон Саксобурготски, францускиот дипломат и поранешен генерален секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Ален Ле Роа…

Борис Трајковски (25 јуни 1956 – 26 февруари 2004) е вториот претседател од независноста на државата, кој функцијата ја извршуваше од 15 декември 1999 до 26 февруари 2004 година, кога трагично загина во авионска несреќа кај Мостар, Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Визијата на Борис Трајковски останува наша обврска

Јанков: Трајковски беше човек со длабока христијанска вера, со изразена лична скромност и човечност

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски